• петок, 06 март 2026

СДСМ: Нов случај на семејно насилство и пукање со пиштол, оствака од Тошковски

СДСМ: Нов случај на семејно насилство и пукање со пиштол, оствака од Тошковски

Скопје, 6 март 2026

Од синоќа во Скопје има нов случај на семејно насилство и пукање со пиштол. Уште колку жртви, што уште треба трагично да завршат за Панче Тошковски да си поднесе оставка?, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Маја Борозан, Форум на жени на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. 

За трагедијата во Карпош, во која животите ги загубија мајка и малолетно дете, пропусти на МВР.

Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство, вкупно 12 пријави.

МВР на Панче Тошковски имале сознанија, имале индиции за сериозен ризик но со несоодветна и ненавремена реакција не ги заштитиле жртвите.

Дополнително, со измените на Кривичниот законик, насилството врз жените и семејното насилство се гонат по службена должност.

МВР потфрли и со случајот во Велес и не реагираше навреме.

МВР потфрли и во случајот со серискиот убиец во Старо Нагоричане. Две години ги игнорирале пријавите на жителите дека сторителот се прикрадува во дворови и демне.

Прично, жртвите биле третирани како „природна смрт“, не била правена обдукција, немало истрага.

Проблемот почнува од врвот.

Рацете ви се крвави!

ОСТАВКА!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: СДСМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан