СДСМ: Ние сме загрижени за здравјето на Македонија
- Христијан Мицкоски повторно покажа каков е, безобразен уличар, шеф на криминална организација. Наместо да зборува за проблемите на граѓаните, тој излегува со ниски, уличарски провокации и „загриженост“ за здравствената состојба на дел од раководството на СДСМ. Ние не сме загрижени за неговото здравје. Ние сме загрижени за здравјето на државата кое тој и неговата банда систематски го уништуваат, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 30 април 2026
Христијан Мицкоски повторно покажа каков е, безобразен уличар, шеф на криминална организација. Наместо да зборува за проблемите на граѓаните, тој излегува со ниски, уличарски провокации и „загриженост“ за здравствената состојба на дел од раководството на СДСМ. Ние не сме загрижени за неговото здравје. Ние сме загрижени за здравјето на државата кое тој и неговата банда систематски го уништуваат, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.
Мицкоски е човекот кој граѓаните ги нарекува „талог на општеството“, „медиокритети“ и „мочуриште“.
Ова е речник на уличар која од функцијата претседател на Влада се однесува како шеф на мафија, безобразно, примитивно.
Доста е повеќе од неговите ниски провокации и лични напади. Срамота е за еден премиер да се однесува вака, но од предводник на криминална организација и се очекува да биде токму таков, без срам и без граници.
Мицкоски нека се грижи за својата совест, ако воопшто ја има.
Граѓаните јасно гледаат кој е вистинскиот проблем во оваа држава.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Фото: МИА архива