СДСМ: Нема одговори за Адамовиќ, има бизниси со струја
- 16 дена нема одговори од Мицкоски за тоа кој е Душан Адамовиќ и зошто е поставен за почесен конзул во соседна Србија. Нема одговори за Адамовиќ затоа што има бизниси со струја, омилениот бизнис на Мицкоски, се вели во сооштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално.
Скопје, 13 март 2026
16 дена нема одговори од Мицкоски за тоа кој е Душан Адамовиќ и зошто е поставен за почесен конзул во соседна Србија. Нема одговори за Адамовиќ затоа што има бизниси со струја, омилениот бизнис на Мицкоски, се вели во сооштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално.
Адамовиќ е дикретор на фирмите WBA TEAM ENERGY и WBA ENERGY ДОО, чиј сопственик е офшор компанијата EVELIXON TRADING LIMITED од Кипар, поврзана со енергетика и бизнис со струја.
Наскоро ќе биде познато до каде води овој сегмент од мрежата за бисниси со струја и каква е поврзаноста со Мицкоски, со министри во Владата и ВМРО.
Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува да ја открива бизнис-мрежата поврзана со Христијан Мицкоски.
Веќе објавивме дека сопругата на неговиот партнер во хидроцентралите е назначена за директорка на Развојната банка, иако е сопственичка на компанија од енергетскиот сектор.
Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува со работа.
Сè ќе биде објавено.
Фото МИА архива