• четврток, 25 декември 2025

СДСМ: Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ги покачи сметките за струја

СДСМ: Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ги покачи сметките за струја

24 декември 2025

Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ја покачи сметките за струја, удри по стандардот на народот. Државата нема пари за плати и пензии, дупката е 1 милијарда евра. Поскапувањето на струјата и прогласувањето кризна состојба, не се поради протестите во Грција туку две причини директно врзани со владата: криминални тендери и неспособност во енергетиката, истакна на прес-конференција генералениот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, што МИА ја објавува интегрално.

За само година и половина, со Божиновска на чело на овој сектор, Владата ја доведе ЕСМ до финансиски и производствен колапс.  Не се произведува доволно струја дома, се увезува скапа струја од надвор.

Затоа оваа година има историски најниско производство на домашна струја, ниту половина од планираните 5.100 GWh.

Наместо да се произведува дома, која што државата ќе ја чини 80-90 евра мегават час, владата купува струја за 140 евра мегават часови.

Колку ги чини тоа граѓаните?

77 милиони евра загуба за само првите два квартали од 2025 година а проекцијата е дека ќе достигне над 100 милиони евра загуба до крајот на оваа година.

Сега е ли јасно зошто струјата поскапува? Зошто се прогласува кризна состојба?

Да се покријат криминални тендери и неспособност.

Зошто фали 1 милијарда евра во буџетот? Исто така за тендери, како што се 161 тендер за една фирма или 9 милиони евра за друга фрима за двајца вработени кои ги објавивме.

Клучното прашање е кој профитира од скапиот увоз на струја?

Зошто навреме не биле обезбедени енергенси, мазут на пример?

СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за овие загуби од 100 милиони евра и да утврди одговорност.

Кој ќе одговара за загубите од над 100 милиони евра?

Кој профитира од увозот на струја?

Кој заработува додека народот плаќа?

Одговроност мора да има!

Работата не е завршена!

Струјата поскапува за да се покријат криминалните тендери

-Поскапувањето на струјата и прогласувањето кризна состојба, не се поради протестите во Грција туку две причини директно врзани со владата: криминални тендери и неспособност во енергетиката, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека криминалните тендери и неспособното управување на власта со енергетскиот сектор довело до сериозни финансиски последици и загуби од 100 милиони евра.

-За само година и половина, со Божиновска на чело на овој сектор, Владата ја доведе ЕСМ до финансиски и производствен колапс. Не се произведува доволно струја дома, се увезува скапа струја од надвор. Затоа оваа година има историски најниско производство на домашна струја, ниту половина од планираните 5.100 GWh, потенцираше Димитријевиќ.

Како резултат на тоа, државата плаќа значително поскапа струја, што директно се префрла врз грбот на граѓаните.

-Наместо да се произведува дома, којашто државата ќе ја чини 80 – 90 евра мегават час, владата купува струја за 140 евра мегават часови. 77 милиони евра загуба за само првите два квартали од 2025 година, а проекцијата е дека ќе достигне над 100 милиони евра загуба до крајот на оваа година Сега е јасно зошто струјата поскапува? Зошто се прогласува кризна состојба?, посочи генералниот секретар на СДСМ.

СДСМ бара истрага од ОЈО за загубите во ЕСМ, каде завршија 100 милиони евра

-СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за загубите од 100 милиони евра и да утврди одговорност. Кој ќе одговара за загубите од над 100 милиони евра? Кој профитира од увозот на струја. Зошто навреме не биле обезбедени енергенси, мазут на пример? Кој заработува додека народот плаќа? рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, посочувајќи дека работењето на ЕСМ резултирало со сериозни финансиски загуби.

„77 милиони евра загуба за само првите два квартали од 2025 година а проекцијата е дека ќе достигне над 100 милиони евра загуба до крајот на оваа година, потенцираше Димитријевиќ

Тој посочи дека причините за овие загуби се директно поврзани со начинот на управување со енергетскиот сектор, а Владата ја доведе ЕСМ до финансиски колапс.

„За само година и половина, со Божиновска на чело на овој сектор, Владата ја доведе ЕСМ до финансиски и производствен колапс. Не се произведува доволно струја дома, се увезува скапа струја од надвор, појасни Димитријевиќ.

Тој нагласи дека ваквите политики директно ја оштетуваат државата и граѓаните.

-Наместо да се произведува дома, којашто државата ќе ја чини 80 – 90 евра мегават час, владата купува струја за 140 евра мегават часови. СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за овие загуби од 100 милиони евра и да утврди одговорност, посочи Димитријевиќ.

 


 Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=Hr_YGfqvysI

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=Hr_YGfqvysI

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=Hr_YGfqvysI

Фото: СДСМ

Тагови

Остани поврзан