• петок, 15 мај 2026

СДСМ: Груевски веќе има унгарски и српски пасош

СДСМ: Груевски веќе има унгарски и српски пасош

Скопје, 21 април 2026 (МИА) - Последните информации доставени до СДСМ укажуваат дека Никола Груевски веќе поседува унгарски и српски пасош, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Ако бегалецот од правдата добил српски и унгарски пасош јасно е дека зад ова стојат неговите политички сојузници и заштитници, Орбан и Вучиќ, политичките ментори на Мицкоски. 

Очигледно непостапувањето на владата на Мицкоски и упорното одбивање да прати ново барање за екстрадиција е намерно оставање простор на Никола Груевски и негова заштита.

Додека други држави, како Полска на пример, постапуваат брзо, Мицкоски му купува време на Груевски.

Мицкоски и ВМРО-ОКГ ништо не прват. Не сакаат да го вратат Груевски во Македонија и не сакаат да одговара пред правдата.

Ова е класична заштита на Никола Груевски од страна на Христијан Мицкоски.

Фото: МИА архива

Остани поврзан