СДСМ: ВМРО ги излажа граѓаните и за платите и за акцизите за гориво
- Денеска кога се власт, кога можат да ја намалат акцизата, да ги намалт цените, одбиваат. Иако на светските берзи цената на нафтата се намалува граѓаните на Македонија плаќаат поскапо гориво.
11 март 2026
ВМРО ги излажа граѓаните и за платите и за акцизите за гориво ВМРО за се лаже. Погледнете ја оваа вест зад мене. Кога ВМРО беше опозиција бараа, ветуваа намалување на акцизите за горивата, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на пре-конференција, што МИА ја пренеува интегрално.
Ја добија довербата од граѓаните, и ги излажаа граѓаните.
Денеска кога се власт, кога можат да ја намалат акцизата, да ги намалт цените, одбиваат.
Иако на светските берзи цената на нафтата се намалува граѓаните на Македонија плаќаат поскапо гориво.
Сите земји во регионот воведоа мерки за ограничување на цените на бензините само владата на Мицкоски не.
Очигледно Мицкоски намерно профитира на грбот на народот.
Мицкоски вели најефитно гориво имало во Макеоднија.
А што е со платите? Па проблем е што платите се најниски во Европа и куповната моќ на македонските граѓани е на дното.
Тоа е проблемот, нискиот стандард и ниските плати.
Да слушнеме сега уште еден став од ВМРО како опозиција.
Значи, иако признаваат дека СДСМ ја покачи минималната плата, за ВМРО тоа не било доволно, продуктивноста била проблем.
Повторно излажаа.
Сега се власт, владата на Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра.
Излегува Мицкоски и вели хистерија е барањето за поголема плата.
Со часовници од 60.000 евра, вредни колку 150 минимални плати, Мицкоски ги прави хистерични работниците затоа што бараат 600 евра плата.
Не е хистерија да се бара достоинствена плата, тоа е борба за достоинствен живот
Часовници од 60.000 евра, е тоа е хистерија.
Сега граѓаните многу добро знаат, Мицкоски и ВМРО лажат за се!
Одговор на новинарско пршање
Анкетите покажуваат дека ВМРО и Мицкоски лажат Мицкоски и ВМРО лажат. Ветуваа дека ќе го вратат името и дека ќе го поништат Преспанскиот договор. Ги излажаа граѓаните.
Мицкоски не го направи тоа и не им кажа дека ќе значи враќање на ПЈРМ и ФИРОМ, дека ќе значи губење на членството во НАТО и ризик за безбедноста.
Ветуваше поголеми плати, и за тоа излажа.
Јавно Мицкоски изјави дека доколку се открие поврзаност помеѓу ВМРО и агенцијата за обезбедување од дискотеката „Пулс“, ќе си даде оставка. И за тоа излажа.
Рече дека трајно ќе се повлече од политиката ако се појават мигранти, односно „економски работници“.
На плоштадот до него беа на Нова Година а во Прилеп на автобуска станица ги виде цела Македонија. И за тоа излажа.
Вчера ДКСК објавува дека таткото на директорот на СОЗР (Томовски) не му бил татко. Уште една лага.
ВМРО, вели дека направиле анкета?!
Ама не смеат да ја покажат на никого затоа што и таа покажува дека лажат.
И ние прававме анкета и анкетата покажува дека лажат.
Анкетата вели: граѓаните бараат криминалците од власта да одговараат.
Одговор на новинарско пршање
Додека ВМРО лаже за мигранти односно „економски работници“ се отпушаат македонски работници
ВМРО лаже и за оваа тема, како се што досега кажавме и се потврди.
Додека власта менува термини за да манипулира, од „мигранти“ кон „економски работници„ секојдневно се отпушаат македонски работници.
По информациите за отпушање македонски работници од Бехтел и Енка последните информации говорат дека и од Гентерм во Прилеп ќе се отпуштаат работици, првичните проценки упатуваат на 400 работници.
Сменија Закон за странци за да овоможат полесено да дојдат и да престојуваат, донесоа одлука за отворање врати на 10.000 странски работници само во 2026 година.
Тоа се фактите.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=uKk-Pj2-YdM
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста