СДСМ: Власта воведува шпионски софтвер Pegasus
- Министерот Панче Тошковски јавно изјави дека полицијата поседува софтвер кој овозможува пристап до камерите и микрофоните на телефоните на сите граѓани на Македонија. Тој систем се вика Pegasus. Pegasus е шпионски софтвер (spyware) кој го разви израелската компанија NSO Group. Може да се инсталира далечински, без кликање на телефонот, да пристапи до сите пораки, фотографии, локација, камера, микрофон, контакти и апликации. Се користи за таен и тотален надзор, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Петар Огњеновиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 30 април 2026
Министерот Панче Тошковски јавно изјави дека полицијата поседува софтвер кој овозможува пристап до камерите и микрофоните на телефоните на сите граѓани на Македонија. Тој систем се вика Pegasus. Pegasus е шпионски софтвер (spyware) кој го разви израелската компанија NSO Group. Може да се инсталира далечински, без кликање на телефонот, да пристапи до сите пораки, фотографии, локација, камера, микрофон, контакти и апликации. Се користи за таен и тотален надзор, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Петар Огњеновиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ што МИА го пренесува интегрално.
NSO Group го продава на влади под изговор на борба против тероризам и криминал, но масовно се злоупотребува против новинари, активисти, опозиција и критичари на властите низ целиот свет.
После Black Cube, приватниот Мосад, за тајно снимање, следење и фабрикување афери Мицкоски и ВМРО-OKG одат чекор понатаму: воведуваат државен шпионски софтвер против сопствените граѓани.
Големиот пријател на Мицкоски од сестринската партија СНС – Александар Вучиќ и неговиот режим купиле Pegasus и слични израелски алатки.
За тоа опширно пишувале: Amnesty International, BIRN (Balkan Investigative Reporting Network), Citizen Lab, Access Now, Share Foundation, Haaretz, The Guardian, Washington Post и други.
Во Србија Pegasus бил користен против новинари, активисти и критичари на власта.
Мицкоски сега го копира тој авторитарен модел.
После Орбановите медиуми, после „Black Cube“, сега доаѓа Pegasus, тотална контрола над граѓаните, а пред сè над СДСМ и претседателот Венко Филипче.
Ова е борба на Мицкоски против слободата на мислење, слободата на говор и против секој кој не се согласува со нивната власт.
Ваквата практика е директно кршење на Уставот, Европската конвенција за човекови права и европските стандарди.
Европската унија повеќе пати остро го критикуваше злоупотребата на ваков софтвер во авторитарни режими.
ВМРО-OKG и МВР наместо да ги штитат граѓаните – ги шпионираат.
Тие ја водат државата како криминална организација, а граѓаните ги третираат како непријатели.
Јавно бараме:
* Веднаш да се обелодени кој го купил Pegasus, колку чини и против кого се користи
* Независна истрага за злоупотребата на софтверот од страна на МВР
* Оставка од Панче Тошковски
Демократијата не е компатибилна со Pegasus.
Нема да дозволиме Мицкоски, Тошковски и криминалната организација ВМРО да ја претворат Македонија во криминална држава.
Граѓаните на Македонија заслужуваат слобода, а не шпионирање 24 часа на ден.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Фото: СДСМ