• среда, 22 април 2026

Саниран проблемот со пропустот на патот Делчево - с.Габрово

Саниран проблемот со пропустот на патот Делчево - с.Габрово

Делчево, 1 април 2026 (МИА) - Жителите на с. Габрово организирани од месната заедница на селото и со поддршка на Општина Делчево го санираа пропустот покрај локалниот пат Делчево-с. Габрово кој се закануваше да го поткопа локалниот пат Делчево-Габрово и редовно ги поплавуваше околните површини.

-Санацијата резултираше со поставување одвод за атмосферските води и изградба на шахта. Во акцијата се вклучија и претставници од Црковниот одбор на селото, информираа од Општината.

Ова е уште една самостојна активност на МЗ на ова село со која новоформираната МЗ реши неколку приоритети дефинирани на состаноците на МЗ.

За градоначалникот Гоцевски и оваа акција е добар пример како може иницијативите на граѓаните организирани преку месните заедници да се претворат во конкретни акции.

Изрази поддршка за секоја наредна иницијатива покрената од граѓани а во насока на активности за подобрување на условите за живот во средината во која живеат. вс/са/

Фото: МИА

Остани поврзан