Саливан: САД и Израел имаат различни цели во Иран
- Израел едноставно сака да го скрши Иран и да предизвика хаос, сметајќи дека уништен Иран би бил помала закана за земјата. Но, САД не можат така да размислуваат. Уништен Иран значи уништена глобална економија бидејќи тие и понатаму се закануваат на Ормуска Теснина. Тоа значи потенцијален бран бегалци, како што видовме по војната во Сирија во Европа. Тоа значи многу повеќе, наведе Саливан
Вашингтон, 25 март 2026 (МИА) – Советникот за национална безбедност на поранешниот американски претседател Џо Бајден, Џејк Саливан изјави дека САД и Израел имаат различни цели во Иран.
- Израел едноставно сака да го скрши Иран и да предизвика хаос, сметајќи дека уништен Иран би бил помала закана за земјата. Но, САД не можат така да размислуваат. Уништен Иран значи уништена глобална економија бидејќи тие и понатаму се закануваат на Ормуска Теснина. Тоа значи потенцијален бран бегалци, како што видовме по војната во Сирија во Европа. Тоа значи многу повеќе, наведе Саливан.
Според него, пропуштена е можноста за деескалација и за дипломатски решенија, со што би можело да се спречи влошување на ситуацијата.
- Само неколку дена пред да почнеме да го бомбардираме Иран, Иранците презентираа предлог во Женева, што во голема мера придонесе за решавање на нуклеарниот проблем, посочи Саливан. ми/ссм/
фото: ЕПА