САД нареди евакуација на дел од дипломатскиот персонал во Оман
- Американскиот Стејт департмент повлекува дека од американскиот дипломатски персонал и членовите на нивните семејства од Оман поради безбедносни причини
Вашингтон, 14 март 2026 (МИА) – Американскиот Стејт департмент повлекува дека од американскиот дипломатски персонал и членовите на нивните семејства од Оман поради безбедносни причини.
На американските државјани им се препорачува да го одложат патувањето за Оман поради ризик од вооружен судир и тероризам, во рамките на предупредување од ниво три.
За пограничното подрачје на Оман со Јемен во сила е највисоко ниво на предупредување – четири, што значи воопшто да не се патува.
При ирански напад вчера во северниот дел на Оман загинаа две лица. ми/
фото: МИА архива