• вторник, 24 март 2026

САД го нападнаа Иран со „дронови самоубици“

САД го нападнаа Иран со „дронови самоубици“

Вашингтон, 3 март 2026 (МИА) – САД во нападите врз Иран употребија нов „дрон самоубиец“ дизајниран по иранското беспилотно летало Шахед.

Дронот ЛУКАС (Low-Cost Uncrewed Combat Attack System) пред осум месеци беше претставен во Пентагон, а произведен е во „СпектарВоркс“ од Аризона.

Еден дрон ЛУКАС чини околу 30.000 евра, што е многукратно помалку од софистицираниот и повеќепати употреблив дрон „Емкју-9 Риапер“ (MQ-9 Reaper), што чини 35 милиони евра. Беспилотното летало ЛУКАС е наменето за една употреба. ми/

фото: Википедија

 

Остани поврзан