• петок, 03 април 2026

Сабаленка го израмни достигнувањето на Шарапова на Индијан Велс

Сабаленка го израмни достигнувањето на Шарапова на Индијан Велс

Индијан Велс, 14 март 2026 (МИА) - Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја победи Чехинката Линда Носкова (6:3, 6:4) во полуфиналето на Мастерс 1.000 во Индијан Велс, САД.

Дваесет и седумгодишната тенисерка стигна до финалето на овој турнир втора година по ред. Таа е втората тенисерка по Русинката Марија Шарапова што го сторила тоа.

Шарапова стигна до финалето на Индијан Велс во 2012 и 2013 година. Во 2012 година, таа загуби во одлучувачкиот дуел од Белорусинката Викторија Азаренка, но победи во 2013 година.

Сабаленка ќе ја предизвика Казахстанката Елена Рибакина за титулата на Индијан Велс оваа година. Во сезоната 2025 година, таа загуби во финалето од Русинката Мира Андреева. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан