• четврток, 15 јануари 2026

Русија: Ракетата „Сојуз“ лансираше сателит во орбитата

Русија: Ракетата „Сојуз“ лансираше сателит во орбитата

Москва, 26 декември 2025 (МИА) – Лансирањето на ракетата-носач „Сојуз-2.1а“ од космодромот Плесецк во предвидената орбита се одвиваше според планот, а леталото е поставено во целната орбита навреме, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Ракетата „Сојуз-2.1а“, која беше лансирана денеска од космодромот Плесецк во Архангелската област, постави сателит во орбитата и тој работи нормално, се наведува во соопштението.

- Во предвиденото време, леталото беше исфрлено во целната орбита и преземено под контрола од страна на копнените средства на Воздухопловните сили, се додава во соопштението. јт/

Фото: Руско Министерство за одбрана скриншот

Остани поврзан