• петок, 20 февруари 2026

Рубио се сретна со Орбан во Будимпешта

Рубио се сретна со Орбан во Будимпешта

Будимпешта, 16 февруари 2026 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио ја започна својата официјална посета на Унгарија и денеска во Будимпешта разговараше со унгарски официјални претставници, вклучувајќи го и премиерот Виктор Орбан.

Како што пренесуваат унгарски медиуми, тие разговарале за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, особено мировните процеси и енергетските односи меѓу САД и Унгарија.

Рубио вчера пристигна во Унгарија од Словачка, каде што исто така беше во официјална посета. рп/

Фото: МИА архива

  

Остани поврзан