• вторник, 14 април 2026

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Москва, 25 март 2026 (МИА) – Руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“ денеска евакуираше уште 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран.

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси.

Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата останале во нуклеарната централа, но дека уште повеќе ќе заминат.

Бушер ја изгради Русија, а „Росатом“ гради дополнителни единици таму, но изградбата беше прекината откако САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари. ми/сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан