Рибакина триумфираше во Штутгарт, наградена со „Порше 911“
- Казахстанската тенисерка Елена Рибакина ја освои титулата на ВТА турнирот во Штутгарт, откако денеска во финалето ја победи Каролина Мучова (ВТА-12) од Чешка со 7-5, 6-1.
Штутгарт, 19 април 2026 (МИА) – Казахстанската тенисерка Елена Рибакина ја освои титулата на ВТА турнирот во Штутгарт, откако денеска во финалето ја победи Каролина Мучова (ВТА-12) од Чешка со 7-5, 6-1.
За наградата, втората светска тенисерка светот доби 160.000 евра и жолт спортски кабриолет „Порше 911 Карера“, што вреди приближно колку и наградниот фонд.
За Рибакина, која годинава победи на Австралија Опен, ова е втора титула во Штутгарт по 2024 година и 13-та во кариерата во која играше во 24 финалиња.
Мучова оваа недела победи две тенисерки од Топ 10 во светот, Американката Коко Гоф и Украинката Елина Свитолина, и ќе биде 11 на новата ВТА ранг-листа од понеделник. ег
ФОТО: ЕПА