„Реплек“ АД Скопје најавува отворање нов производствен погон
- -Сите овие инвестиции и развојни проекти нема да застанат тука. Ние како извозно-ориентирана компанија го почитуваме домашниот пазар, но сепак, перспективата најмногу ја гледаме во странските пазари. Лани забележавме 40 отсто зголемување на добивката, а присутни сме на 25 пазари во светот со тенденција до 2030 година да бидеме присутни во 40 земји. Затоа инвестираме во нови погони, инвестираме и во претставништва во регионот. Во овој дух работиме осум децении, но значителни исчекори се направени во изминатите 4-5 години. Исчекор е направен во продажбата, нашиот обрт е зголемен три пати, а добивката пет пати. Очекуваме и во наредните години „Реплек“ да бележи двоцифрен раст. Се ова немаше да биде можно без сериозните вложувања во луѓето, во човечките ресурси, во кадрите на нашата компанија, истакна Пецоски кој со својот тим беше домаќин на делегација од Стопанската комора, предводена од нејзиниот претседател Бранко Азески.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.