Реконструирано мултинаменското спортско игралиште во населеното место Марино
- Општина Илинден целосно ги реконструираше спортските терени во рамки на мултинаменското спортско игралиште во населеното место Марино, со што жителите добија современ, функционален и безбеден простор за спорт, рекреација и дружење, информираат од локалната самоуправа.
Скопје, 19 август 2026 (МИА) - Општина Илинден целосно ги реконструираше спортските терени во рамки на мултинаменското спортско игралиште во населеното место Марино, со што жителите добија современ, функционален и безбеден простор за спорт, рекреација и дружење, информираат од локалната самоуправа.
Како што посочуваат, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, при увидот истакна дека во рамки на проектот се реконструирани фудбалскиот и кошаркарскиот терен, а реализирани се и низа дополнителни активности за уредување и заштита на целиот спортско-рекреативен простор.

-Фудбалскиот терен е целосно обновен на површина од 924 квадратни метри, поставена е нова вештачка трева, два нови гола и заштитна мрежа зад головите, со што се создадени значително подобри услови за игра, тренинг и рекреативни активности. Целосна реконструкција е извршена и на кошаркарскиот терен, кој се протега на површина од 436 квадратни метри, каде се поставени нови ПП пластични плочки, а заменети се и двете кошаркарски табли и двата обрачи. Во рамки на уредувањето на спортскиот комплекс, поставена е и нова пластифицирана заштитна мрежа и нова панелна 2Д заштитна мрежа на површина од 132 квадратни метри, прецизираат од општината.

Со реализацијата на овој проект, како што велат, Марино доби целосно обновен спортско-рекреативен простор со современи услови за фудбал и кошарка, наменет за активностите и потребите на сите генерации.вј/са/
Фото: Општина Илинден