• петок, 15 мај 2026

Реал Мадрид победи, Перез во кавга со навивачите

Реал Мадрид победи, Перез во кавга со навивачите

Мадрид, 15.мај 2026 (МИА) – Екипата на Реал Мадрид синоќа постигна победа од 2:0 во дуелот од 36.коло на домашен терен против последниот Овиедо. Победата немаше големо значење бидејќи „кралскиот клуб“ сигурно ќе заврши како втор зад Барселона.

Головите за Реал Мадрид ги постигнаа Гонзало Гарсија во 44.минута и Џуд Белингем на асистенција на Килијан Мбапе во 80.минута.

Многу повеќе внимание привлекуваа моментите на трибините кога претседателот на клубот Флорентино Перез имаше вербален дуел со навивачи, откако еден од нив му порача да си замине.

Незадоволните навивачи ја исвиркаа и првата ѕвезда на тимот Килијан Мбапе. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан