• сабота, 16 мај 2026

Реал Мадрид го губи чекорот за титулата во Ла Лига

Реал Мадрид го губи чекорот за титулата во Ла Лига

Мадрид, 11. април 2026 (МИА) – Екипата на Реал Мадрид синоќа во првиот дуел од 31. коло на Ла Лига одигран нерешено 1:1 на домашен терен со Џирона. На тој начин по новиот кикс го губи чекорот во борбата за титулата со Барселона. „Кралскиот клуб“ има сега шест бодови помалку (70) од лидерот на табелата Барселона (76). Во претходното коло Реал загуби на гостувањето кај Мајорка со 2:1, а во вторникот беше поразен и од Баерн (2:1) на домашен терен во Лигата на шампионите.

Очекувано Реал Мадрид синоќа беше подобрата екипа со повеќе од 20 шутеви кон противничкиот гол, но единствено прецизен беше Федерико Валверде во 51. минута. Но, гостите изедначија со голот на Тома Лемар во 62. минута.

Барселона својот натпревар од 21. коло го игра денеска, а противник и е градскиот ривал Еспањол. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан