• четврток, 02 април 2026

Реакција на Марта Кос за локалните избори во Србија одржани на 29 март

Реакција на Марта Кос за локалните избори во Србија одржани на 29 март

Белград, 31 март 2026 (МИА) -     Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска оцени дека инцидентите со насилство, закани и неправилности при гласањето на локалните избори одржани на 29 март во Србија се неприфатливи и ги повика надлежните органи да ги истражат и да се процесуираат сите инциденти.
„Распространетите инциденти на насилство, закани и неправилности при гласањето - она ​​што го виде набљудувачката мисија на Советот на Европа за време на локалните избори во Србија - е неприфатливо“, објави Марта Кос на социјалната мрежа X.

Таа нагласи дека слободните и фер избори се фундаментални во демократиите, особено за земјите кандидати за Европската Унија, како што е Србија. зш/ссм/

Остани поврзан