• петок, 03 април 2026

Расел победи на спринтот на Големата награда на Кина

Расел победи на спринтот на Големата награда на Кина

Шангај, 14 март 2026 (МИА) - Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, го освои спринтот на второто Гран при од сезоната 2026 во Формула 1 возен ноќеска. Дваесет и осумгодишниот Британец стартуваше од пол-позицијата и по 19 круга го зачува првото место.

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, заврши втор, а неговиот клупски колега Луис Хамилтон трет. 

Ландо Норис (Мекларен), Андреа Кими Антонели (Мерцедес) и Оскар Пјастри (Мекларен) ја заокружија првата шесторка.

Четирикратниот светски шампион Макс Верстапен (Ред Бул) заврши деветти.

Квалификациите за главната трка ќе се утрово со почеток во 8 часот по македонско време. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан