• сабота, 16 мај 2026

Ракета на „Блу ориџин“ постави сателит во погрешна орбита

Ракета на „Блу ориџин“ постави сателит во погрешна орбита

Вашингтон, 20 април 2026 (МИА) - Ракетата за тешки товари „Њу Глен“ (New Glenn) на компанијата „Блу ориџин“ (Blue Origin) постави сателит во погрешна орбита за време на своето трето лансирање - соопшти вселенската компанија основана од Џеф Безос.

Компанијата изјави дека околностите сè уште се истражуваат.

„Во моментот правиме процена и ќе ги ажурираме податоците кога ќе имаме подетални информации“, соопштија од „Блу ориџин“.

Ракетата беше лансирана според планот од лансирната база Кејп Канаверал на Флорида, што е првпат претходно користен ракетен потисник повторно да биде употребен. Потисникот успешно слета на платформа во Атлантикот по одвојувањето.

Сепак, сателитот, наречен Blue Bird 7, е поставен во пониска орбита од предвидената, потврди AST SpaceMobile, производителот на сателитот.

„Њу Глен“ пристигна во вселената на својот прв лет во јануари 2025 година. Во својата втора мисија, 10-ина месеци подоцна, понесе во вселената два орбитери на НАСА за Марс.

Целта на „Блу ориџин“ е да го користи системот „Њу Глен“ за да се натпреварува со „Спејс икс“ на Илон Маск, кој моментно доминира на пазарот за комерцијални лансирања. јт/аб/

Фото: Блу Оринџ на Х, скриншот

Остани поврзан