Работна средба во Куманово за отстранување на хаварисани возила од јавни површини
- Присутните констатираа дека постапката е сложен процес, но се преземаат конкретни чекори од страна на институциите, за најбрзо решавање на проблемот, во интерес на граѓаните и безбедноста во сообраќајот, особено во централното градско подрачје.
Куманово, 5 февруари 2026 (МИА) - Продолжува акцијата за отстранување на хаварисани и отпадни возила од јавните површини во Општина Куманово, информираа од општина Куманово.
По донесената одлука на Советот на општина Куманово за комунален ред, денеска претседателката на советот Ивана Ѓорѓиевска, иницираше работна средба, за отстранување на хаварисани и отпадни возила од јавни површини.
На средбата присуствуваа претставници од општина Куманово, од СВР Куманово, од Сектор за инспекциски надзор – инспекторат, комунални дејности и координаторите на советничките групи на Советот на Општина Куманово.

- Присутните констатираа дека постапката е сложен процес, но се преземаат конкретни чекори од страна на институциите, за најбрзо решавање на проблемот, во интерес на граѓаните и безбедноста во сообраќајот, особено во централното градско подрачје. Надлежните институции ќе продолжат со информирање на јавноста за расчистување и отстранување на возилата, кои подолг временски период, се наоѓаат на разни локации (паркинзи на јавни претпријатија, тротоари, семејни дворови и слично, наведуваат од општината.
Лани, беа дефинираат конкретни чекори кои требаше да ги преземат сите субјекти одговорни за процесот на дислокација на хаварисаните возила. Првично општина Куманово воведе можност за бесплатно отстранување на хаварисаните возила на подрачјето на општината, за што скоро и да немаше интрес. По истекот на акцијата за бесплатен транспорт на хаварисаните возила, задолжените служби требаше да почнат отстранување на возилата кои со години зафаќаат простор на тротоарите.
Според информациите на комуналните инспектори, само во централното градско подрачје во Општина Куманово има седумдесетина автомобили кои со години стојат на иста површина и ги зафаќаат тротоарите. ам/сст/