ПФЛ: Вардар гостува во Струга
- Фудбалските прволигаши попладнево од 16 часот ќе одиграат три натпревари. Дербито се игра во Струга каде гостува лидерот Вардар кај екипата на Струга Трим Лум
Струга, 15.мај 2026 (МИА) – Фудбалските прволигаши попладнево од 16 часот ќе одиграат три натпревари. Дербито се игра во Струга каде гостува лидерот Вардар кај екипата на Струга Трим Лум. Со позитивен резултат или доколку останат непоразени „црвено-црните“ ќе ја обезбедат шампионската титула на едно коло пред крајот. Во случај на пораз и победа на Шкендија на домашен терен со Брера денеска борбата за шампионската титула ќе се решава во последното коло.
Покрај овие два дуела се игра и натпреварот меѓу Силекс и Арсими во Кратово.
Утре се играат другите три натпревари од 32.коло (претпоследно), а двојките се: Башкими – Македонија ЃП, Тиквеш – Пелистер и Шкупи – Работнички. Почетокот и на овие дуели е во 16 часот. мн/
Фото: ФФМ