Промоција на романот „Сета боја зад црнината“ од Васја Мицковски во гимназијата „Орце Николов“
- Промоција на романот „Сета боја зад црнината“ од Васја Мицковски ќе се одржи вечер во гимназијата „Орце Николов“.
Скопје, 19 февруари 2026 (МИА) - Промоција на романот „Сета боја зад црнината“ од Васја Мицковски ќе се одржи вечер во гимназијата „Орце Николов“.
Книгата, која излезе минатата недела во издание на ТРИ, веќе го привлекува вниманието на читателите. Ова не е дебитантско дело на Мицковски. Во февруари 2024 година тој ја објави својата филозофско-психолошка повест „Апокалипса на младиот роб“, поетичен прирачник за животот на младиот човек. Во 2024 и во 2025 г. беше награден за најдобра песна од млад автор на конкурсот за необјавена песна во чест на Анте Поповски, „Антево слово“. „Сета боја зад црнината“ не му е прво книжевно дело, но е негов прв значаен роман, и тоа во издание на една од најистакнатите издавачки куќи во земјата. Корицата на романот е на Љупка Стојкова.
Промоцијата е најавена како настан што ќе обедини повеќе уметности. Во улога на промотори ќе настапат проф. Маријана Ѓорѓиева-Ристевска и писателката Виолета Танчева-Златева, а во разговорот ќе се вклучат и младите илустраторки Викторија Димовска, Михаела Белдедовска, Дариа Илиевска и Јана Самарџиева.
-Чудесно е чувството кога ќе се наиде на дебитански роман со високи уметнички вредности- напиша Танчева-Златева.
Промоцијата на романот ќе биде збогатена со музички изведби на пијано и мандолина. дма/са/
Фото: МИА архива