• петок, 13 март 2026

Промоција на романот „Повратник со две лица“ од Ивица Челиковиќ

Промоција на романот „Повратник со две лица“ од Ивица Челиковиќ

Скопје, 12 март 2026 (МИА) - Во Спомен-собата на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ вечерва во 19 часот ќе се одржи промоцијата на најновиот роман „Повратник со две лица“ од Ивица Челиковиќ.

„Повратник со две лица“ отвора сериозни егзистенцијални, морални и филозофски дилеми. Тоа е приказна за сеќавањето, помирувањето со загубата и простувањето, како и за вечната човекова потреба да се најде светлина во темнината.

Челиковиќ е поет, раскажувач и преведувач. Автор е на петнаесетина авторски дела, поетски збирки и романи. Добитник е на повеќе значајни награди и признанија, меѓу кои „Млада Струга“, „Златно перо“, „Стале Попов“, „Караманов 2023“. Неговиот седми роман „Повратник со две лица“ е во финалето за овогодишната награда „Роман на годината“, рамо до рамо со романот на неговиот промотор – Венко Андоновски.

Романот е издание на „Паблишер“ и е објавен кон крајот на 2025 година. Достапен е во сите книжарници на „ТРИ“, а ноќва читателите ќе имаат можност да го купат и од Библиотеката и да добијат потпис од авторот. фф/вј/

Фото: TRI Publishing Centre

Остани поврзан