• петок, 20 февруари 2026

Промоција на книгата за деца „Магичната флејта на Вулфи“ од Тина Иванова

Промоција на книгата за деца „Магичната флејта на Вулфи“ од Тина Иванова

Скопје, 19 февруари 2026 (МИА) -  Книгата за деца „Магичната флејта на Вулфи“ од Тина Иванова в сабота ќе биде промовирана во книжарницата „Литература“ во „Дајмонд мол“. Ова е втора од петте книги за деца од серијалот „Музичка кутија“ на Иванова.

По промоцијата на книгата, како што соопшти издавачот, ќе има камерна претстава за деца. Промоцијата ќе почне со краток разговор меѓу уредничката на изданијата, Бисера Бендевска, и авторката Тина Иванова, преку кој ќе биде претставена сликовницата. По разговорот, претставата ќе биде збогатена со изведба на дела на пијано и флејта од славниот Волфганг Амадеус Моцарт.

„Магичната флејта на Вулфи“ раскажува за малечкиот, пргав и љубопитен Вулфи, чија истражувачка мисија го води до визбата на неговиот татко, каде ќе ја пронајде волшебната флејта. Токму таа ќе му помогне да го развие својот музички талент. Книгата е илустрирана од Рената Јосифовска.

Книгите се во издание на „Арс Ламина“ во едицијата „Либи“. мд/са/

Фото: „Арс Ламина“

Остани поврзан