Промоција на книгата „60 Икони на Мајката Божја“ од авторката Аријан де Сен-Марк
- Во Музејот на македонската борба за самостојност вечер ќе биде промовирана книгата „60 Икони на Мајката Божја“ од авторката Аријан де Сен-Марк.
Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Во Музејот на македонската борба за самостојност вечер ќе биде промовирана книгата „60 Икони на Мајката Божја“ од авторката Аријан де Сен-Марк.
Книгата „60 Икони на Мајката Божја“ претставува внимателно селектирана и богато анализирана збирка иконографски претстави на Богородица од периодот VII–XV век.
Како што посочува авторката, делото ги опфаќа: клучните иконографски типови на Мајката Божја (Одигитрија, Елеуса, Платитера и др.), нивниот теолошки, уметнички и историски контекст и нивната улога во византиската и западната традиција.
Книгата нуди длабинска интерпретација на симболиката, стилските карактеристики и духовната димензија на иконите, претставувајќи ја Богородица како централна фигура во христијанската уметност и духовност низ вековите.
Аријан де Сен-Марк е авторка и истражувач посветена на изучување на византиската и средновековната христијанска уметност. Нејзината работа се фокусира на: иконографијата, духовната симболика, културното наследство поврзано со православната традиција, со посебен акцент на претставите на Богородица. Со ова издание, авторката создава мост помеѓу академската анализа и пошироката публика, правејќи ја темата достапна, разбирлива и релевантна за современиот читател. фф/
Фото: New Moment New Ideas Company