Продолжува надзорната расправа за спроведувањето на законите и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство
- Комисијата за еднакви можности на жените и мажите денеска треба да го одржи првото продолжение на надзорна расправа на тема „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт“.
Скопје, 27 април 2026 (МИА) - Комисијата за еднакви можности на жените и мажите денеска треба да го одржи првото продолжение на надзорна расправа на тема „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт“.
Како што најавуваат од собраниската прес-служба, на надзорната расправа ќе се обратат Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Ненад Савески, републички јавен обвинител, Даниела Димовска од Основен суд Скопје 1, Бесник Авдија од Основен суд Скопје 2, Ирена Алексиоска Папестиев, директорка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и Тона Карева Талеска од Хелсиншки комитет.
Надзорна расправа почна на 23 април, на која се обратија Азир Алиу, министер за здравство, Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади, Жаклина Пешевска, претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, Елена Ивановска, државна секретарка во Министерството за образование и наука, Никола Прокопенко, државен советник во Министерството за правда, Душанка Петрова, директорка на ЈУ Завод за социјални дејности-Скопје, Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Ана Аврамовска-Нушкова, Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и други лица од надлежни институции. фф/дма/
Фото: МИА Архива