• сабота, 16 мај 2026

Продолжен куќниот притвор на Артан Груби

Продолжен куќниот притвор на Артан Груби

Скопје, 23 април 2026 (МИА) - Поранешниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Артан Груби останува во куќен притвор, со надзор. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека по предлог на Обвинителството судот ја продолжил мерката за 30 дена. 

Груби, кој заедно со поранешниот директор на „Државната лотарија“, Перпарим Бајрами, е осомничен за проневера од осум милиони евра со ВЛТ-апарати, по повеќе од 14 месеци бегство, во февруари годинава беше уапсен на граничниот премин Блаце. 

По распит во Обвинителството, Груби, наместо во притвор, кој претходно му беше определен во отсуство, поради безбедносни причини, доби куќен притвор. аа/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан