Пробиен е патот од Маврово до Галичник, се вози во снежни услови
- Снежните врнежи кои оваа зима беа обилни придонесоа за заостанување на снегот на планината Бистра и заради тоа, едно од најголемите мијачки села беа отсечени речиси цела зима.
Гостивар, 7 април 2026 (МИА) – Со подобрување на временските услови, екипите кои работеа на расчистување на локалниот пат од Маврово до мијачкото село Галичник конечно го пробија снежниот нанос во месноста Царевец.
Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, во последното соопштение потврдуваат дека екипи на ЈП МАКЕДОНИЈА ПАТ ги пробија снежните наноси на патниот правец Маврово-Галичник.
Од диспечерски – информативен центар на јавното претпријатие нагласуваат дека сообраќајот ќе се одвива во зимски услови и возачите да внимаваат на околностите и остатоците од снег на коловозот.
Снежните врнежи кои оваа зима беа обилни придонесоа за заостанување на снегот на планината Бистра и заради тоа, едно од најголемите мијачки села беа отсечени речиси цела зима. згм/вг/
фото мз Галичник