Претставување на кандидатите за член на Судскиот совет што го избира Собранието
- Свои претставувања за член на Судскиот совет што го избира Собранието ќе имаат Арбер Исаку, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово; Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од од с. Чејле, Гостивар; Сабедин Даути, дипломиран правник со положен правосуден испит од с. Равен, Гостивар; Фадил Џелил, магистер на правни науки со положен правосуден испит од с. Чегране, Гостивар; Светлана Попова, магистер на правни науки со положен правосуден испит од Штип; и Сејфула Османи, доктор на правни науки со положен правосуден испит од Градец, Врапчиште.
Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Во Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска на дневен ред е јавна расправа за претставување на кандидатите што ги исполнуваат условите по пгласот за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието.
На огласот се пријавија десет кандидати, а работната група составена од комисијата утврди дека само шестмина ги исполнуваат предвидените услови.
Свои претставувања за член на Судскиот совет што го избира Собранието ќе имаат Арбер Исаку, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово; Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од од с. Чејле, Гостивар; Сабедин Даути, дипломиран правник со положен правосуден испит од с. Равен, Гостивар; Фадил Џелил, магистер на правни науки со положен правосуден испит од с. Чегране, Гостивар; Светлана Попова, магистер на правни науки со положен правосуден испит од Штип; и Сејфула Османи, доктор на правни науки со положен правосуден испит од Градец, Врапчиште. ев/паг/
Фото: Архива