Претседателот на Партијата за движење на Турците Енес Ибрахим во Анкара на Конгрес на Републиканската народна партија
- Претседателот на Партијата за движење на Турците (ТХП), Енес Ибрахим, предводејќи партиска делегација, присуствуваше на 39. Редовен Конгрес на Републиканската народна партија (ЏХП) во Анкара, стои во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 30 ноември 2025 (МИА) - Претседателот на Партијата за движење на Турците (ТХП), Енес Ибрахим, предводејќи партиска делегација, присуствуваше на 39. Редовен Конгрес на Републиканската народна партија (ЏХП) во Анкара, стои во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално.
Во рамките на Конгресот, делегацијата на ТХП оствари продуктивна средба со претседателот на ЏХП, Озгур Озел, на која се разговараше за продлабочување на меѓупартиските односи, унапредување на соработката и можностите за идни заеднички активности од интерес за граѓаните.
Делегацијата одржа и посебни средби со потпретседателите на ЏХП, Дениз Јуџел и Намик Тан. Разговорите беа насочени кон политичките состојби во регионот, развојот на Балканот и континуитетот на институционалниот дијалог меѓу двете партии.
Претседателот Енес Ибрахим нагласи дека воспоставените контакти и размената на идеи претставуваат значаен чекор кон зајакнување на меѓусебната соработка и градење заедничка визија за иднината.
ТХП ќе продолжи активно да работи на заштита на интересите на заедницата и на сите граѓани, како и на унапредување на политичката соработка на меѓународно ниво.
Партијата за движење на Турците (ТХП)