• четврток, 25 декември 2025

Почина поранешниот норвешки селектор Оге Хајреде

Почина поранешниот норвешки селектор Оге Хајреде

 

Осло, 19 декември 2025 (МИА) – Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Норвешка, Оге Хајреде, кој изминатите години се бореше со рак на мозокот, почина на 72-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Хајреде настапуваше за Молде, Манчестер Сити и Норич пред да почне тренерска кариера во која освојуваше трофеи со некои од најголемите скандинавски клубови, вклучувајќи ги. Малме, Брондби и Розенборг

Од 2003 до 2008 година беше селектор на Норвешка, како и на Исланд од 2023 до 2024 година, а ја предводеше Данска до осминафиналето на Светското првенство во Русија 2018 година.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан