• среда, 15 април 2026

Потпишан меморандум за соработка со здружението Лидери за едукација, активизам и развој

Потпишан меморандум за соработка со здружението Лидери за едукација, активизам и развој

Кочани, 24 март 2026 (МИА) - Градоначалникот  Владко Грозданов и извршниот директор на здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД), Иван Јованов, денеска потпишаа меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за соработка „Воведување на UPSHIFT во образовниот систем!“,  кој ЛЕАД го спроведува во партнерство со УНИЦЕФ и со Бирото за развој на образованието. Проектот има за цел да ја пилотира програмата UPSHIFT во 90 средни училишта, како подготовка за негово воведување како изборен предмет во учебната 2026/27 година.

-Соработката ќе се реализира преку заедничка поддршка на младински иновациски и едукативни активности и со промоција на младински решенија од јавен интерес, информираат од локалната самоуправа.

Општина Кочани ќе обезбеди финансиски средства од својот годишен буџет за реализација на иновативните проекти произлезени од средношколците од СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“ во учебната 2026/2027 година.

На средбата, градоначалникот Грозданов истакна дека особено се важни идеите од младите, како и можноста за нивна реализација во локалната заедница, се наведува во информацијата. ис/вј/

Фото: Општина Кочани

Остани поврзан