• четврток, 19 март 2026

Поставена е нова заштитна ограда околу спортските терени на велешката Гимназија „Кочо Рацин“

Поставена е нова заштитна ограда околу спортските терени на велешката Гимназија „Кочо Рацин“

Велес, 27 февруари 2026 (МИА)  - Со цел зголемување на безбедноста во тек е поставување заштитна ограда околу спортските терени во СОУ Гимназија „Кочо Рацин" во Велес, каде освен гимназијалците спортуваат и учениците од Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“, информира денеска градоначалникот Марко Колев.

- Со оваа инвестиција се обезбедуваат соодветни услови за спорт и рекреација на учениците од Гимназијата и Хемиското училиште, како и на рекреативците кои тука спортуваат, појасни Колев. ад/вј/

Фото: Општина Велес

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан