• понеделник, 16 март 2026

Поставена атмосферска канализација на улица „Бајрам Шабани“ во Куманово

Поставена атмосферска канализација на улица „Бајрам Шабани“ во Куманово

Куманово, 23 февруари 2026 (МИА) - Успешно е реализиран проектот за изградба на атмосферска канализација на улица „Бајрам Шабани“ во Куманово, соопшти денеска Владата.

Со изградбата на новата канализациска мрежа обезбедено е ефикасно одведување на атмосферските води, со што значително се намалува ризикот од поплавувања и оштетувања на коловозот и околните објекти.

- Инвестицијата од 21.424.089 денари придонесе за подобрување на комуналната инфраструктура, зголемена безбедност за жителите и создавање почиста и поуредена урбана средина - соопштија од Владата.

Проектот, како што наведуваат, носи долгорочни придобивки преку стабилен и одржлив систем за управување со дождовните води и повисок квалитет на живот во овој дел од градот. ам/лв/

Фото: Влада

 

Остани поврзан