Помали одрони на патиштата низ Источниот и Југоисточниот Регион
- Три екипи на ЈП „Македонија пат“ работат на расчистување на одроните на магистралните и регионални патни правци во источниот и југоисточниот дел на земјата. Директорот на регионалната подружница на ЈП „Македонија пат“, Влатко Цоневски вели дека поради врнежите од дожд се јавуваат одрони на неколку патни правци,.
Штип, 20 февруари 2026 (МИА) –Три екипи на ЈП „Македонија пат“ работат на расчистување на одроните на магистралните и регионални патни правци во источниот и југоисточниот дел на земјата. Директорот на регионалната подружница на ЈП „Македонија пат“, Влатко Цоневски вели дека поради врнежите од дожд се јавуваат одрони на неколку патни правци, а се чистат камењата на коловозите на патот Штип-Неготино, чија траса поминува низ планината „Серта“, потоа на делниците Истибања-Македонска Каменица и Македонска Каменица-Делчево, потоа на регионалните патни правци Виница-Берово и Берово-Струмица.
- Има врнежи од дожд на целата територија на подружница Штип. Одрони имаме ситни на познатите патни правци, што ќе се каже од Истибања па се до граница со Р. Бугарија, Делчево-Берово-Струмица, Виница-Берово и Штип преку село Лакавица за Неготино. Тие се патни правци на кои што ги имаме одроните, поголеми одрони нема, нема забрани, сообраќајот се одвива тековно на сите патни правци - вели Цоневски
Тој апелира возачите внимателно да возат, бидејќи поради врнежите од дожд на патиштата кои поминуваат низ клисури и планини има одрони. вдј/са/
Фото: МИА архива