• петок, 20 март 2026

Познати термините за дуелите Охрид – Олимпијакос од 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот куп

Познати термините за дуелите Охрид – Олимпијакос од 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот куп

Охрид, 27.февруари 2026 (МИА) – По успешните настапи и пласманот во четвртфиналето ЕХФ Европскиот куп ракометарите ги очекуваат два нови дуела во против грчки Олимпијакос. Денеска беа објавени и термините за одигрување на натпреварите.

Првиот дуел се игра на 29.март во Атина со почеток во 17 часот, додека реванш дуелот е закажан за 4.април во СЦ „Билјанини извори“ со почеток во 18 часот.

Поуспешната екипа од овој двомеч во полуфиналето ќе игра со поуспешниот од дуелот меѓу Цеље и Бузау. мн/

Фото: Фејсбук ГРК Охрид

Остани поврзан