• вторник, 17 март 2026

Погба би можел да се врати на теренот по паузата за репрезентативните натпревари

Погба би можел да се врати на теренот по паузата за репрезентативните натпревари

Монако, 25 февруари 2026 (МИА) - Тренерот на Монако, Себастијан Покоњоли, објави дека играчот од средниот ред Пол Погба е блиску до враќање на теренот.

- Погба? Неговото враќање станува сè појасно. Се надеваме дека ќе се врати по паузата за репрезентативните натпревари и ќе може да тренира со тимот. Тој е фокусиран на тимот. Неговиот план е јасно дефиниран, изјави Покоњоли за „90min“.

Оваа сезона, 32-годишниот Французин одигра 30 минути во три натпревари од Лига 1.

Во текот на својата кариера Погба настапуваше и за Јувентус, и Манчестер јунајтед. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан