• петок, 13 март 2026

Повеќе од 100 луѓе загинаа во свлечишта во Етиопија

Повеќе од 100 луѓе загинаа во свлечишта во Етиопија

Адис Абеба, 12 март 2026 (МИА) – Најмалку 102 лица загинаа во свлечишта во јужна Етиопија, соопштија денеска локалните власти.

Вистинскиот број на жртви би можел да биде значително поголем, бидејќи 125 лица сè уште се водат како исчезнати. Обилните дождови во регионот предизвикаа масивни свлечишта, пренесе ДПА.

Спасувачката операција мораше привремено да биде прекината поради ризикот од дополнителни одрони од кал. Патиштата и мостовите до подрачјето на катастрофата се блокирани, со што тоа стана непристапно.

Свлечиштата се редовна појава во ридскиот регион на јужна Етиопија. Во 2024 година, свлечишта убија стотици луѓе, уништија важна инфраструктура и раселија илјадници лица.

Ситуацијата беше влошена од задоцнетата и несоодветна хуманитарна помош, што ги загрози животите на жртвите. Истовремено, дотраената инфраструктура и заситената почва ја зголемија ранливоста на јужната држава на Етиопија на свлечишта и други природни катастрофи. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан