• четврток, 19 март 2026

По неколкучасовна пауза продолжија индиректните преговори помеѓу Иран и САД

По неколкучасовна пауза продолжија индиректните преговори помеѓу Иран и САД

Женева, 26 февруари 2026 (МИА) – Индиректните преговори помеѓу Иран и САД во Амбасадата на Оман во Женева, продолжија по неколкучасовната пауза.

Разговорите, кои почнаа денеска беа прекинати неколку часа. Во тој период, претставници на САД се сретнаа со украински претставници.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, потврди дека индиректните разговори продолжуваат, објави иранската новинска агенција ИРНА.

- Беа презентирани важни и практично применливи предлози за нуклеарните прашања и укинувањето на санкциите. Двете делегации мора да се консултираат со своите главни градови, истакна Багаи.

Тој додаде дека разговорите, кои започнаа утрово, се одвиваат интензивно и со сериозен тон. Страните разговараа три часа, а во консултациите учествуваа министерот за надворешни работи на Оман, Саид Бадр бин Хамад бин Хамуд ал Бусаиди, и генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан