• сабота, 19 септември 2026

По 40 години, реконструирани три занимални во клонот „Детелинка“ во Ѓорче Петров

По 40 години, реконструирани три занимални во клонот „Детелинка“ во Ѓорче Петров

Скопје, 24 август 2026 (МИА) - Општина Ѓорче Петров продолжува со инвестициите за подобрување на условите за престој, воспитување и развој на најмладите. По цели 40 години, целосно се реконструирани три занимални во клонот „Детелинка“, со што децата и вработените добиваат побезбедни и посовремени услови.

Во рамките на реконструкцијата, како што информираат од Општина Ѓорче Петров, поставени се речиси 200 квадратни метри нов под, целосно се обновени ѕидните површини, а изведена е и нова електрична инсталација.

Од Општина Ѓорче Петров велат дека со инвестицијата значително се подобруваат функционалноста и безбедноста на просториите, но и се создава попријатна и поквалитетна средина за секојдневниот престој на децата.

Општината најавува продолжување на инвестициите во детските градинки и училиштата, со цел создавање подобри и посовремени услови за секое дете во Ѓорче Петров. дма/са/

Фото: Општина Ѓорче Петров

 

Можно е и ова да ти се допаѓа