• четврток, 19 март 2026

Петрушевски: СДС молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот

Петрушевски: СДС молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот

Скопје, 27 февруари 2026

СДС молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот. Ниедно пратеничко прашање од страна на СДС кон членовите на Владата за Артан Груби. А толку беа гласни изминативе три дена со измислување 10-ина тези за кои народот секако не им поверува - се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Но вистината, почитувани, полека но сигурно излегува на површина.

Стравот од можните искази на Артан Груби за криминалите на поранешната власт на СДС и ДУИ очигледно го притисна копчето за паника на „Бихаќска“.

Дури и потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска, отиде чекор понатаму посочувајќи дека за еден од случаите во кои се сомничи Груби за сторен криминал, кривични пријави треба да добијат и неговите колеги од тогашната влада.

Толку многу ли знае Груби што некои поранешни функционери би биле подготвени да се жртвуваат? Дали копчето за паника во СДС го притисна кланот Заеви? Дали стравот кај Вице и Зоран Заеви навистина толку е голем, па затоа СДС со Филипче на чело застана во одбрана? Затоа ли Спасовски, Филипче и Зечевиќ изгледаат видно вознемирени?

За криминалот, на крајот, има само еден одговор, а тоа е правдата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан