Петрушевски: СДС го координира и управува ССМ, како на централно така и на локално ниво
- СДС го координира и управува ССМ, како на централно така и на локално ниво, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое се пренесува прес-конференцијата пратеникот Бране Петрушевски, кое МИА го објавува интегрално.
Скопје, 13 март 2026
Почитувани,
СДС го координира и управува ССМ, како на централно така и на локално ниво, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое се пренесува прес-конференцијата пратеникот Бране Петрушевски, кое МИА го објавува интегрално.
Во пресрет на протестот во сабота организиран формално од ССМ, а логистички и технички од СДС, главните лица за контакт од општините се луѓе на СДС.
Одговорен за логистика и организирање на луѓе и превоз за протестот на ССМ викендов, од Куманово е Оливер Трајковски - Шеф на штаб на СДС во населбата Зелен рид, како и вработен во ЈП Чистота и Зеленило во Куманово.
На фотографијата го гледаме Оливер Трајковски, кој е сликан со кандидатот за градоначалник на Куманово од СДС Оливер Илиевски и носителот на листа Атина Мургашанска, за локалните избори 2021 година.
Од СДС и ССМ веќе не се ни кријат за соработката која ја имаат со една единствена цел, а таа цел не е барање за зголемување на платите, туку целта им е да и наштетат на владата.
ССМ и во Куманово и во другите општини е раководено од општинските организации на СДС.
ССМ и СДС се веќе едно исто.
Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ