• вторник, 17 март 2026

Петрушевски: Дали Тренчевска и СДС го бранат Груби и дали доброволно се пријавуваат заедно со сите свои колеги да седнат на обвинителната клупа

Петрушевски: Дали Тренчевска и СДС го бранат Груби и дали доброволно се пријавуваат заедно со сите свои колеги да седнат на обвинителната клупа

25 февруари 2026

Партнерството на СДС со бегалецот од правдата Артан Груби и ДУИ излегува на површина. Откако со години замижуваа и го одобруваа милионскиот криминал на тогашниот прв вицепремиер Артан Груби, сега кога треба да се соочи со правдата, се ставаат во негова заштита, па дури и ќе се жртвуваат и ќе тонат заедно со него, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конферецнија, што МИА ја пренесува интегрално.

Имено, потпретседателката на СДС и поранешна министерка, Јованка Тренческа, во однос на кривичната пријава за Груби вели дека одлуките на Владата биле колективни и дека ако се докаже дека има вина во случајот, треба сите заедно да одговараат.

Еве ја целосната изјава.

Почитувани,

Дали потпретседателката на СДС го брани Груби за криминалот со кој државниот буџет го оштети за над 8 милиони евра? Или, пак, доброволно се пријавува заедно со сите свои колеги од тогашната влада да седнат на обвинителна клупа заедно со Артан Груби? Дали затоа нервозата во СДС и ДУИ е голема? Дали стравот им е толку голем од она што дополнително има да каже Груби?

СДС и ДУИ во паника и страв сменија 10 тези откако Груби беше уапсен. Како тргнале, до крајот ќе си признаат сè.

Петрушевски: Обвинителите управувани од СДС и ДУИ, наместо за реформи, се борат за плати, а довербата во правосудството е 2 %

Прашање: Кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека обвинителите бараат да не им се чепка во платите?

Одговор: Она што долго време го говориме на темава дека оттаму доаѓаат барања за промени само во делот на финансиите, добиваме и потврда. И наместо да земат и да работат на зголемување на онаа 2 % доверба од граѓаните, тие исклучиво мислат само на плати. Но, ќе повторам, се работи за мала група на луѓе што се под контрола на СДС и ДУИ, инаку и таму има многу чесни луѓе, кои, за жал, не може да дојдат до израз од овие.

Линк од видеоматеријал:
https://www.youtube.com/watch?v=1MztEK4zqjk
https://we.tl/t-EmSx0WB8mx

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан