Петиција за демократија во Сирија: Интелектуалци бараат нов устав
- „Ерата на тиранијата заврши“, се наведува во петицијата, потпишана од 65 писатели, адвокати, режисери и активисти од Сирија и дијаспората. Во неа се бара враќање на слободата на здружување, изразување, протестирање, како и формирање независни политички партии и синдикати.

Дамаск, 31 јануари 2025 (МИА) - Десетици водечки сириски интелектуалци покренаа онлајн петиција со која повикуваат на враќање на основните граѓански слободи и свикување на уставотворно собрание за донесување нов устав.
„Ерата на тиранијата заврши“, се наведува во петицијата, потпишана од 65 писатели, адвокати, режисери и активисти од Сирија и дијаспората.
Во неа се бара враќање на слободата на здружување, изразување, протестирање, како и формирање независни политички партии и синдикати.
Петицијата повикува и на фер избори, праведно решение за курдското прашање и создавање правна рамка за транзициска правда, вклучувајќи истражување на судбината на десетици илјади исчезнати луѓе под владеењето на Башар ал Асад. ссм/
фото: ЕПА