• вторник, 16 декември 2025

Песков: Ако има средба Путин-Орбан, Кремљ ќе информира

Песков: Ако има средба Путин-Орбан, Кремљ ќе информира

Москва, 26 ноември 2025 (МИА) -  Кремљ ќе соопшти за евентуален контакт меѓу рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе ТАСС.

- Ќе соопштиме за евентуални контакти, рече Песков како одговор на прашањето во врска со информациите во унгарските медиуми дека Орбан в петок ќе пристигне во Москва на средба со Путин.

Оваа изјава доаѓа откако унгарските медиуми објавија за претстојна средба меѓу двајцата лидери, која не е официјално потврдена, но не е ниту демантирана од унгарската Влада. Доколку се реализира, ова ќе биде четврта средба на Орбан со Путин од почетокот на војната во Украина. ссм/ми

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан