Пентагон ја нарече операцијата во Иран „Епски гнев“
- Пентагон денеска објави дека американските напади врз Иран се нарекуваат операција „Епски гнев“.
Вашингтон, 28 февруари 2026 (МИА) - Пентагон денеска објави дека американските напади врз Иран се нарекуваат операција „Епски гнев“.
Претходно денеска, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД го напаѓаат Иран и ги наведе причините за таквата одлука.
Израел, исто така, објави дека го напаѓа Иран, а израелскиот министер за одбрана Израел Кац и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, исто така, ги наведоа причините за нивниот потег. мс/
фото: ЕПА